Ѓоковиќ без многу мака до полуфинале во Синсинати

Новак Ѓоковиќ забележа лесна победа од 2-0 во четвртфиналето на АТП турнирот во Синсинати над домашните тенисер Тејлор Фриц. На србинот му беа потребни само 62 минути за победа од 6-0 и 6-4 по сетови.

Противник на Ѓоковиќ во полуфиналето ќе му биде германецот Александер Зверев, кој со максимални 2-0 го совлада Адриан Манарино од Франција, 6-2 и 6-3 по сетово.

Второто полуфинале во Синсинати ќе го сочинуваат првиот носител Карлос Алкарас и Хуберт Хуркач од Полска.

- Оглас -

Најнови вести