Гвардиола: “Кажете ја вистината, уживавте ли во овој преоден рок?“

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, во пресрет на натпреварот против Њукасл одговараше на новинарските прашања, а едно од нив беше во врска со големиот број на трансфери кои ги направи Челзи, кој ова лето потроши 385 милиони евра за трансфери, а од продажба на играчи заработи 255 милиони евра.

– “Немаше да можам да бидам тука ако потрошевме колку Челзи во последните два преодни рока. Ќе ме убиевте. Иако секако ќе ме уништите. Луѓето велат Сити и Гвардиола купуваат играчи. Мора да гледаме што се случува на трансфер пазарот, ако можеме да ја платиме цената, тогаш е во ред. Го сакавме Мегваер, но не го купивме бидејќи не сакавме толку да платиме. Го сакавме Кукуреља, но не го плативме, го сакавме Санчес, но не го плативме. Ќе платиме само за оној фудбалер за кој мислиме дека има нормална цена. Имаме и сопствена академија.“ – рече Гвардиола.

Тренерот на Сити вели дека ова не треба да се сфати како критика за Челзи, бидејќи тие можат да прават што сакаат.

– “Челзи може да прави што сака. Не ги критикувам. Велам, ние би биле мртви ако работевме така, а тие можат да прават што сакаат.“ – вели Пеп Гвардиола кој најави дека мора да донесат замена за повредениот Кевин де Брујн.

- Оглас -

Најнови вести