Екипата на Валенсија има одличен старт на сезона во шпанската Ла Лига. “Лилјаците“ и на вториот меч забележаа минимална победа, овојпат од 1-0 на “Местаља“ над Виљареал.
За разликата од минатата сезона кога Валенсија имаше големи проблеми и беше во долниот дел на табелата, оваа сезона веќе има максимални шест бода после два одиграни натпревари.
“Лилјаците“ ваков ефект на стартот од сезоната последен пат имале во 2011-тата година под раководство на Унаи Емери, а тогаш Валенсија на крајот заврши на третата позиција и играше во Лигата на шампионите.