Фудбалските второлигаши денес го играат редовното, второ, коло. Најголемо внимание привлекува дуелот во Битола, каде ќе се сретнат локалните ривали Пелистер и Новаци. Битолчани оваа сезона со големи амбиции тргнаа во првенството и после старната победа над Беласица на гости, очекуваат сигурна победа на домашен терен против Новаци.
Викндов требаше да се одигра уште едно големо локално дерби, езерското, помеѓу Охрид и Караорман, но дуелот скандалозно беше одложен на само 20-тина часа пред неговиот почеток, за што реагираа и од охридскиот второлигаш. Во секој случај дерби кои се игра точно 100 години, не заслужи ваков третман. Овој натпревар е одложен и ќе се одигра на 30-ти август.
Вториот фаворит за пласман во прволигашката конкуренција, екипата на Беса, на домашен терен ќе игра против секогаш квалитетната струмичка Беласица.
Двојки за денес во 17 часот:
Арсими – Каменица Саса
Башкими – Победа
Беса – Беласица
Пелистер – Новаци
Тетекс – Осогово
Вардар Н. – Кожуф
Скопје – Детонит Плачковица (утре, 17 часот)
Охрид – Караорман (30.08, 16 часот)