Изненадување: Нејмар се најде на списокот на репрезентацијата на Бразил

Селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил, Фернандо Динис, го објави списокот на повикани фудбалери за првите натпревари во квалификациите за Светското првенство во 2026-тата година.

Репрезентациите од Јужна Америка многу порано ги започнуваат квалификациските натпревари, бидејќи сите 10 селекции играат во иста група, а тоа значи дека ќе одиграат по 18 меча.

Бразил на стартот од квалификациите ќе игра против Боливија дома и против Перу на гости. Изненадување на списокот е повикот на ѕвездата на Ал-Хилал, Нејмар, кој во последниве шест месеци има одиграно само 90 минути и тоа на пријателски натпревар против Јеонбук од Јужна Кореја.

Нејмар долго се мачеше со повреди, последниот официјален натпревар го одигра во месец февруари против Лил.

На списокот на Динис се најде и ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус, но го нема фудбалерот на Вест Хем, Лукас Пакета, кој е во центарот на вниманието во Велика Британија поради обложувачки скандал.

- Оглас -

Најнови вести