Ливерпул со победа од 3-1 над Борнмут ја отвори новата сезона во Премиер лигата. Црешите поведоа уште во трета минута, но веќе до полувремето Ливерпул направи пресврт и поведе.
Мохамед Салах постигна гол со кој го надмина Стивен Џерард по бројот на голови во дресот на Ливерпул и стана петти стрелец во историјата на клубот. Египќанецот има низа од десет премиерлигашки средби по ред на „Енфилд“ на кои или дава гол или има асистенција.
Лоша вест за Црвените е што на својот прв меч како домашен играч во Ливерпул, црвен картон доби Аргентинецот Мекалистер, но тимот добро се снајде и без него, бидејќи третиот гол го постигнаа додека имаа човек помалку.
Фулам без Александар Митровиќ кој заминува во Ал Хилал, дома беше поразен од Бретфорд со 0-3, а убедлив беше и Брајтон кој во Вулверхемптон славеше со 4-1.
Ова е фаулот поради кој Мекалистер доби црвен картон:
Mac Allister got a RED for this #LIVBOU pic.twitter.com/AHze1J4Era
— The Premier League Club (@TPLCSports) August 19, 2023