Уште во првото коло го имаме промашувањето на сезоната во Бундеслигата (Видео)

Лајпциг на одличен начин ја почна новата сезона откако успеа да го освои трофејот во Суперкупот на Германија по победата од 3:0 во Минхен против Баерн. Сепак, во првото коло од Бундеслигата, Лајпциг не помина најдобро.

На гостувањето кај Баер Леверкузен, Лајпциг загуби со 3:2. Фармацевтите водеа со 2:0, потоа и со 3:1, а Лајпциг на крајот има за што да жали бидејќи не освои барем еден бод.

Се играше 74 минута, резултатот беше 3:2 за Баер, а Лајпциг беше во напад. Во еден момент топката дојде до Лоис Опенда кој едноставно беше буквално сам пред празниот гол, но не успеа да погоди за израмнување од 3:3.

- Оглас -

Најнови вести