Реал добива нов крал: два гола и асистенција на Белингем за победа кај Алмерија (Видео)

Реал Мадрид победи и во вториот меч на гостински терен во новата сезона во Примера дивисион, откако со 3:1 се радуваше на теренот на Алмерија. Новото засилување Џуд Белингем е херојот на мечот, постигнувајќи два гола, а имаше и една асистенција.

Англискиот репрезентативец летово за трансфер вреден 100 милиони евра дојде во Мадрид од тимот на Борусија Дормтунд и засега се покажува како вистински избор. Откако во првото коло, во дебито даде еден гол за триумф од 2:0 кај Атлетик Билбао, Белингем вечерва беше вистински лидер на теренот.

Алмерија прва погоди и домаќините поведоа со 1:0 по нецели 180 секунди игра. Сепак, тоа не ги збуни гостите. Белингем израмни во 19 минута, а со резултат 1:1 се замина на полувреме.

По само 15 минути во второто полувреме повторно на сцена стапи Белингем и погоди со глава за 2:1, а англискиот репрезентативец потоа и асистираше на Винисиус Јуниор за гол во 73 минута. Откако беше завршена работата, Белингем беше повлечен од игра во 81 минута.

 

- Оглас -

Најнови вести