Бразилскиот репрезентативец Нејмар кариерата ќе ја продолжи во Ал-Хилал од Саудиска Арабија, но дебито најверојатно ќе го има во септември.
– “Нејмар е иновативен и креативен фудбалер, ќе ни помогне да напредуваме, но сега има мала повреда и не знам кога ќе се врати. Можеби ќе биде подготвен кон средината на септември.“ – рече тренерот на Ал-Хилал, Жорже Жезуш.
И покрај повредата, Нејмар се најде на списокот на повикани фудбалери за натпреварите на репрезентацијата на Бразил која треба да игра квалификациски натпревари против Боливија и Перу во септември.
– “Не знам како го повикаа во бразилската репрезентација, едноставно не е подготвен.“ – дополни Жезуш.
Нејмар последниот натпревар за репрезентацијата на Бразил го одигра на Светското првенство во Катар. Во февруари заработи повреди и од тогаш има одиграно само еден пријателски натпревар за екипата на ПСЖ.