Олга ја реши Англија, Шпанија е нов светски шампион за жени (Видео)

Женската фудбалска репрезентација на Шпанија е нов светски шампион, откако во финалето на Светското првенство кое се одржуваше во Австралија и Нов Зеланд, ја совлада Англија со 1-0.

Единствениот погодок на мечот беше дело на Олга Кармона Гарсија во 29-тата минута. Една навидум обична одземена топка на средината на теренот беше доволна да биде претворена во прекрсна акција која резултираше со погодок од левата крилна позиција на фудбалерката на Реал Мадрид.

Победата на Шпанија можеше да биде и поубедлива, но Хермосо во 70-тата минута не успеа да реализира пенал.

За репрезентацијата на Шпанија ова е прва шампионска титула во женска конкуренција во првото финале воопшто. За репрезентацијата на Англија и втората позиција е најголем успех во историјата, бидејќи до сега најдобриот пласман го имаа на третата позиција на Светското првенство во Канада во 2015-тата година.

- Оглас -

Најнови вести