Клоп им се налути на навивачите: „Пејте ја таа песна надвор“

Екипата на Ливерпул успеа да го победи Борнмут со 3-1, но откако гостите први дојдоа во водство.

Навивачите на „Енфилд роуд“ ја поздравија одличната игра на „црвените“ со песна посветена на германскиот тренер, но тој луто реагираше кон трибините со зборовите: “Можете ли да престанете да ја пеете таа песна, можете ли? Пејте ја надвор кога ќе заврши натпреварот, а не на стадион“.

Последниот пат кога оваа песна се пееше на “Енфилд“ беше на дуелот против Тотенхем кога Ливерпул имаше водство од 3-0, а мечот на крајот заврши без победник, 3-3.

- Оглас -

Најнови вести