Претседателот на шпанската федерација бакна во уста една од ѕвездите на новиот светски првак (Видео)

Радоста кај Шпанците за освоената титула светски првак во фудбал во женска конкуренција е голема, Шпанија стана втората земја по Германија која била мундијалски шампион и во машка и во женска конкуренција, а за време на славјето имаше и еден контроверзен момент.

Претседателот на шпанската фудбалска федерација, Луис Рубијалес, додека им честитраше на фудбалерките, кога дојде редот на Џени Ермосо, долго ја гушкаше и потоа ја бакна во уста, испраќајќи ја со потчукнување по грбот.

Рубиалес бакнуваше и други фудбалерки, па многумина се прашуваат ако вака се однесува пред камери, којзнае колку е нападен кога никој не го гледа.

Џени додека се снимаше во соблекувалната после мечот, го спомна и бакнежот со Рубијалес.

„Ех, не ми се допадна“ – рече ѕвездата на Барселона.

- Оглас -

Најнови вести