Хит изјава на Ноле: „Дечко, некогаш можеш да одиграш и лесен поен“ (Видео)

Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкарас синоќа го одиграа највозбудливото финале во историјата на Мастерс турнирите, кое речиси по четири часа голема борба му припадна на Србинот.

Додека Ѓоковиќ го држеше победничкиот говор по финалето, во еден момент му се обрати на Алкарас: „Дечко, никогаш не се откажуваш. Ми се допаѓа тоа кај тебе, само би сакал понекогаш да одиграш и полесни поени. Шпанците никогаш не умираат? Тоа веќе сум го слушнал.“

Српскиот тенисер имаше големи пофалби за младиот Шпанец и во својот говор, слично како и на претходните натпревари.

„Видовте, нема тука што да се каже. Секој кој гледаше на телевизија, можеше да види дека ова ривалство станува сè подобро. Неверојатен играч, толку млад, а покажува толу храброст во одлучувачките моменти. Морам да им возвратам за почитта на Карлос и на неговата екипа. Сите понекогаш остануваме без зборови за она што го правиме на теренот и надвор од него. Му честитам за сѐ досега. Многумина не успеале да дојдат до твоето ниво никогаш во кариерата. Ви посакувам многу среќа тебе и на твојата екипа во продолжението од сезоната“, рече Ѓоковиќ.

- Оглас -

Најнови вести