Кошаркарската репрезентација на Аргентина доживеа ново разочарување, па освен што нема да игра на претстојното Светско првенство, нема да настапи ниту на Олимписките игри во Париз следната година.
Тие загубија во финалето на американските претквалификации од сензацијата наречена Бахами, кои со тројца НБА-кошаркари дојдоа до место во главните квалификации за Олимпијада.
Карипската земја победи со 82-75, пред сè благодарение на Ерик Гордон, кој го наполни кошот на Аргентина со 27 поени. Интересно, овој кошаркар непосредно пред почетокот на турнирот доби дозвола да настапува за Бахамите.