Непоразената Брера Струмица е нов предизвикувач на шампионот Струга (Фото)

Третото коло на Првата македонска фудбалска лига се затвора денес крај Охридското Езеро, односно на Градскиот стадион во Струга.

Шампионот Струга Трим Лум помеѓу натпреварите со Свифт Есперанж и Брејдаблик ќе одигра првенствен натпревар против Брера Струмица. Клубот на нашата легенда Горан Пандев имаше одличен старт на првенството и со две победи од два натпревари е на самиот врв на прволигашката табелата, но до овој ефект стигна со две домашни победи против новите прволигаши Вардар и Воска.

За струмичани денешниот натпревар ќе биде вистински предизвик со оглед на тоа дека за противник го имаат шампионот на Македонија и екипата која игра одлично во фудбалска Европа ова лето, Струга Трим Лум.

Стружани досега одиграа само еден меч во првенството, оној против Гостивар, кој го добија со 2-0 на домашен терен. Останува да се види дали тренерот Шпетим Дуро ќе настапи со сите расположливи сили или ќе се чува за историскиот натпревар во четврток против Брејдаблик во Охрид.

- Оглас -

Најнови вести