Се исплатеше чекањето гол до 90-тата минута, прилепчанец со вложена 100-ка заработи над 110.000

Викендов беше исполнет со доста добитни тикети меѓу обложувачите, а издвојуваме три кои заслужуваат внимание поради големите погодени квоти.

На уплатно место на Sport Life во Прилеп исплатен е тикет кој има бруто-добивка од 130.657 денари, а уплатата е 100 денари. Вкупната квота од 1.306 е фатена благодарение на осум меча на кои победуваа домашните екипи и притоа на овие натпревари паѓаа 2-5 гола, токму како што типувал овој прилепчанец.

На тикетот се осум фудбалски натпревари кои се играа вчера од 15 часот и за сите парови поединечно квотите се над 2.00. Најкритичен меч на овој прогнозер му бил КуПС – СЈК од финската лига, кој заврши 3-0, но вториот гол падна дури во 90-тата минута и тогаш радоста кај прилепчанецот можеше да почне.

ИГРИТЕ НА ГОЛОВИ ДОНЕСОА ОДЛИЧНИ ДОБИВКИ ВО КИЧЕВО И РЕСЕН

Во Sport Life во Кичево, еден обложувач со 200 денари уплата имаше бруто-добивка од 94.742 денари. Тој на шест меча типувал дека ќе има 2-3 гола во прво полувреме. Овие игри на голови се ризични, па така на дуелот на Клуб Бриж и Моленбек уште во 18-тата минута падна третиот гол, па кичевчанецот половина час се молел, беше да нема погодоци во првиот дел. Кај средбата на Порто со Фаренсе, вториот гол во првото полувреме падна во судиското продолжение.

Ресенчанец со 80 денари уплата, доби 57.451 денари. На овој тикет со вкупна погодена квота од 718, на десет меча играни во неделата точно е прогнозирано дека ќе има 1-3 гола во двете полувремиња.

- Оглас -

Најнови вести