Претседателот на Фудбалската федерација на Шпанија, Луис Рубијалес, доби сериозни и остри критики поради несовесното однесување на женското финале на Светското првенство откако на победничкиот пиедестал ја бакна во уста фудбалерката Џени Ермосо.
Шпанија вчера со 1:0 ја совлада Англија во финалето на женското СП и за првпат во историјата ја освои титулата, а Рубијалес во присуство на членови на шпанското кралско семејство ги поздрави фудбалерките на победничкиот пиедестал.
Тој во присуство на 16-годишната шпанска принцеза Софија ја фати за лице и потоа ја бакна шпанската фудбалерка Џени Ермосо. Тој потоа прегрна уште неколку фудбалерки, но и шпанската кралица Летисија.
https://twitter.com/i/status/1693602785642606643
Пиради тој потег, Рубијалес се најде на удар на луѓе од светот на фудбалот, но и од шпанската влада.
„Неприфатливо е да се честита на спортист со бакнеж во уста“, изјави Мигел Исета, шпанскиот министер за култура и спорт.
Синдикатот на професионални фудбалери ФИФПро се огласи со соопштение во кое наведе дека потегот на Рубијалес е „за жалење“ и дека нема место во фудбалот за такво непримерно однесување.
Остра реакција дојде и од шпанската министерка за рамноправност, Ирене Монтеро.
„Тоа е облик на сексуално насилство кое жените го трпат секој ден и кое досега беше невидливо и кое не треба даа стане нормално“, напиша Монтеро на „Твитер“.
Фудбалската федерација на Шпанија вчера вечерта се огласи со соопштение со кое се обиде да ги смири тензиите поради потегот на Рубијалес, кој пак за шпанската телевизија Копе изјави дека „тоа било бакнеж помеѓу двајца пријатели кои нешто слават“ и дека сите „кои гледаат нешто поинаку се идиоти и глупаци“.