Во Србија отворен „лесковачкиот Олд Трафорд“, на него ќе игра второлигашка екипа

Новоизградениот стадион во Лесковац денеска и официјално беше отворен. Стадионот „Дубочица“ е еден од трите новоизградени стадиони во Србија, заедно со тие во Лозница и Зајачар. Изграден е по високи стандарди и според критериумите на УЕФА, спаѓа во категоријата „четири“.

Овој модерен стадион има 8.136 седишта, а на првиот меч на којшто играа второлигашките екипи на Дубочица и РФК Нови Сад победи домаќинот со 2:1. На првиот меч имаше 6.000 гледачи, а трибините не беа целосно исполнети затоа што се работеше за генерална проба на сите системи на стадионот.

https://twitter.com/i/status/1693687816083960184

Следниот меч на овој стадион ќе биде од меѓународен карактер, и тоа во рамките од плејофот за Лигата на Европа меѓу Чукарички и грчкиот Олимпијакос. Овој меч ќе се игра на 31 август во 20 часот. Овој стадион ќе може да биде домаќин и на мечеви од групна фаза во Лигата на Европа и Конференциската лига на УЕФА.

 

 

- Оглас -

Најнови вести