Претседателот на Фудбалската федереација на Шпанија, Луис Рибијалес, се наоѓа под остри критики поради потегот по финалниот меч на Светското првенство во женска конкуренција, кога на победничкиот пиедестал ја бакна во уста капитенката Џени Ермосо.
Рибијалес се најде на удар на фудбалските работници, на синдикатот на професионални фудбалери ФИФПро, на министри од шпанската влада, поради што мораше да се извини за својата постапка, но сега ја доби и првата тужба.
Тужба пред високиот совет за спорт поднесе претседателот на Националната школа за фудбалски тренери на Шпанија, Мигел Галан.
„Барам да се отвори дисциплинска постапка против господинот Рубијалес поради кршење на Законот за спорт. Неговото однесување е недозволив сексистички чин. Поради тоа, барам Високиот совет да ја прифати тужбата и да ја поднесе во Управниот суд“, изјави, меѓу другото, Галан.
Фудбалерките на Шпанија во неделата за првпат станаа светски шампионки откако во финалето со 1:0 ја совладаа Англија.