Навивачите одбраа случаен патник на аеродром и го „промовираа во ново засилување“ на клубот за којшто навиваат (Видео)

Само пред 10-тина години Малага беше клуб за респект во Шпанија. Во сезоната 2012/13 овој клуб играше и во четвртфиналето од Лигата на шампионите, но сега не му „цветаат розите“.

Минатата сезона Малага испадна од Сегунда дивисион и сега ќе игра во „Примера федерација“, односно во третата лига на Шпанија. Навивачите на овој клуб се фрустрирани затоа што челниците на клубот се многу неактивни на фудбалскиот пазар и немаат доведено ниедно засилување.

Токму поради тоа, фановите на Малага најдоа оригинален начин да ги „потсетат“ челниците на клубот дека треба да се доведе некој играч. Група од десетина навивачи со транспаренти и лажен дрес се појавија на аеродромот во Малага и одбраа случаен патник кого го промовираа како „ново засилување на клубот“.

Патникот, кој беше збунет од целата ситуација, доби дрес, навивачите го гушкаа, сакаа да се фотографираат со него и да му земат автограм. Едноставно, целата ситуација наликуваше на тоа што го прават навивачите во големите европски гиганти кога ќе дојде некое ново засилување.

https://twitter.com/i/status/1693935162210299989

- Оглас -

Најнови вести