Некогашната најдобра тенисерка во светот е исфрлена од ОП на САД поради допинг

Поранешната победничка на Вимблдон и Ролан Гарос, Романката Симона Халеп е тргната од листата на тенисерки за настап на гренслем-турнирот во САД кој почнува следната недела. Халеп заработи едногодишна суспензија уште во ноември минатата година, откако беше позитивна на забранета супстанца.

Тестот беше направен на ланското Отворено првенстно на САД, но Халеп уште тогаш ги отфрли обвинувањата тврдејќи дека потоа направила 10 нови тестови и на сите била негативна. Сепак, Тенискиот сојуз на САД објави дека Халеп е тргната од главната листа пред ждрепката и таа нема да настапи на врвниот турнир.

Поради суспензијата, романската тенисерка падна на 1.140-тото место на ВТА-листата.

 

- Оглас -

Најнови вести