Саудиска Арабија летово беше главната фудбалска дестинација за најголемите ѕвезди. Откако во јануари во Ал-Наср пристигна Кристијано Роналдо, летово голем број ѕвезди решија да потпишат за клубови од оваа арапска земја.
Еден од странците кои беа присутни во првенството на Саудиска Арабија и пред да дојде Роналдо е Андерсон Талиска. Бразилецот во 2021 година направи трансфер во Ал-Наср и стана главна ѕвезда на овој тим. Талиска, кој во минатото играше во Бенфика и Бешикташ, а потоа и во Кина, беше најголема ѕвезда во Ал-Наср. Дури и откако Роналдо пристигна во Ал-Наср, Талиска остана да биде главен на теренот.
Сепак, неколку месеци подоцна ситуацијата е сосема поинаква. Покрај Роналдо, во Ал-Наср дојдоа и Садио Мане, Фофан, Брозовиќ и Тељес, со што се исполни квотата oд петмина странски фудбалери. Според Азиската конфедерација, само петмина фудбалери кои се родени надвор од Азија може да играат во Лигата на шампионите во Азија.
Во една ваква ситуација, Талиска е вишокот и е шести странец, што значи дека Бразилецот во најскоро време ќе треба да ги пакува куферите и да си замине од Ал-Наср.
🚨 Al-Nassr forward Anderson Talisca could see his contract terminated at the club. 🇧🇷❌
The Asian Confederation only allows 5 players born outside of Asia to play in the Asian Champions League and the Saudi club are expected to prioritise Ronaldo, Mané, Fofana, Brozović and… pic.twitter.com/X2B5R1LD4w
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) August 22, 2023