Кристијано Роналдо и Ал-Наср со пресврт во судиското надополнување до пласман во групите на азиската ЛШ (Видео)

Ал-Наср, за кого настапуваат Кристијано Роналдо, Брозовиќ, Талиска и Мане, со голем пресврт во самиот финиш на мечот стигна до пласман во групната фаза на азиската Лига на шампиони.

Клубот од Саудиска Арабија само со еден меч оди во групите, откако го совлада Ал-Ахли од Дубаи со 4-2.

Натпреварот започна одлично за Ал-Наср и со голот на Талиска многу рано дојде во водство. Сепак, до полувремето Ал-Ахли израмни, а на стартот од вториот дел и поведе со 2-1.

Ал-Наср израмни во 88-мата минута преку Ал-Ганам, а победата ја донесоа Талиска со неговиот втор погодок на овој натпревар и Брозовиќ со голови во судиското надополнување на времето.

- Оглас -

Најнови вести