Пристигна нова рекордна понуда за Салах и ѕвездата на Ливерпул може да се пресели во Саудиска Арабија

Саудијците не прифаќаат не од Ливерпул за египетскиот репрезентативец Мохамед Салах и подготвија нова, рекордна понуда.

Според англиските медиуми, Ал-Итихад им нуди на Црвените 100 милиони евра отштета, со што би го соборил рекордот кога станува збор за платена отштета од саудиска екипа. Рекордот засега го држи Ал-Хилал, кој минатата недела на ПСЖ му плати 80 милиони евра за трансферот на Нејмар.

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, не сака да се остане без својот најдобар фудбалер и според англиските медиуми, им се заканил на сопствениците на Црвените дека ќе си поднесе оставка ако биде прифатена понудата од Ал-Итихад.

Ал-Итихад летово донесе неколку звучни засилувања во Карим Бензема, Роберто Фирмињо и Н’голо Канте, но го отпуштија Жота откако го ангажираа пред еден месец со цел да направат простор во тимот токму за Салах.

- Оглас -

Најнови вести