Матеус: „Тотенхем го уценуваше Баерн“

Баерн Минхен успеа во намерата да го ангажира Хари Кејн од Тотенхем, иако плати висока сума за тоа. Трансферот изнесува 100 милиони евра фиксно, а со дополнителните бонуси ќе достигне и до 115 милиони евра. Легендата на германскиот фудбал, Лотар Матеус, вели дека Кејн му беше потребен на Баерн, но сумата е превисока.

„Челните луѓе на Баерн долго размислуваа за него. Беа 100% убедени дека Кејн е играчот кој им треба и затоа ги поместија своите граници. Тотенхем во таква ситуација можеби по малку и го уценуваше Баерн. Уште еден милион, уште еден милион … Го сакаа, а јас сакам да истакнам дека платија 100 милиони за 30-годишен фудбалер. Левандовски беше три години постар кога отиде во Барселона за 50-тина милиони евра. Претпоставувам дека Кејн ќе се исплати“, рече Матеус.

 

- Оглас -

Најнови вести