Харден ја заработи највисоката парична казна во НБА-лигата

Sвездата на Филаделфија, Џејмс Харден, е казнет со 100.000 долари поради јавно искажаните навреди кон спортскиот директор на клубот. Ова е максималната казна која може да ја изрече НБА-лигата за еден кошаркар.

Харден јавно го нарече спортскиот директор Мореј „лажго“ бидејќи му пропадна трансферот во друга екипа. Неговата менаџерска екипа и Филаделфија се договорија дека Харден ќе биде заменет, но работата пропадна откако од клубот не најдоа соодветна замена.

На промотивен настан во Кина, Харден изјави: „Дарил Мореј е лажго и никогаш нема да бидам дел од ораганизација на која ќе учествува и тој.“

НБА веднаш презеде мерки бидејќи ова беше најава дека кошаркарот нема да ги исполни обврските од договорот.

- Оглас -

Најнови вести