Троицки нападнат од навивач: Ова е Њујорк, не ти е ова е*аната Србија (Видео)

Поранешниот српски тенисер Виктор Троицки доживеа голема непријатност во Њујорк, за време на квалификациите пред стартот на Отвореното првенство на САД. Троицки беше во улога на тренер на Хамад Меџедовиќ, кој загуби од Хрватот Борна Гоја со 5:7, 7:6, 4:6.

Во паузата меѓу вториот и третиот сет дојде до вербален напад, кој малку фалеше да прерасне во физичка пресметка меѓу еден навивач и Троицки. Нервозниот гледач постојано викаше и го провоцираше Троицки, но Србинот остана смирен во целата ситуација и не дозволи да се случи поголем инцидент.

Агресивниот гледач го навредуваше Троицки, а меѓу другото, му викаше „еб*н кловн“ и „Ова е Њујорк, а не е*аната Србија“. Останатите гледачи не се согласуваа со навредите кои ги кажуваше агресивниот гледач, а на крајот мораше да реагира и обезбедувањето.

Главниот дел од ОП на САД ќе започне на 28 август и ќе трае до 10 септември. Бранител на трофејот е Карлос Алкарас, а по две години пауза, на турнирот ќе настапи и Новак Ѓоковиќ, кој претходно имаше забрана за влез во САД поради тоа што не беше вакциниран за време на пандемијата.

- Оглас -

Најнови вести