Турското чудо од дете Кенан Јилдиз во неделата дебитира во дресот на Јувентус и покажа дека треба да биде иднина на Старата дама. На гостувањето кај Удинезе, Јилдиз во игра влезе во 84-тата минута, и тоа на местото на Душан Влаховиќ и воодушеви со неколкуте дриблинзи и продори што ги имаше.
Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, беше задоволен од настапот на тинејџерот, но имаше една забелешка и таа беше на неговиот изглед, односно долгата коса.
„Кенан мора да се истрижи. Стопати ја местеше фризурата во текот на мечот“, рече Алегри.
Младиот фудбалер веднаш ги прифати овие критики на тренерот и реши да ја скрати косата. Едноставо, Јилдиз сфати дека критиката од Алегри е на место и дека доколку повеќе сака да се фокусира на мечот и играта, мора помалку да мисли на фризурата.
https://twitter.com/i/status/1693715725553143927
Овој тинејџер е роден во Германија, а уште како седумгодишно дете започнал во школата на Баерн Минхен. Во минхенскиот гигант остана една деценија, а лани се пресели во младинскиот тим на Јувентус и сезонава уште во првото коло доби шанса да дебитира за сениорите.