Астон вила никогаш не победила поубедливо во европски меч од вечерва во Шкотска

Астон вила како гостин го прегази шкотскиот Хибернијан со 5-0 и си обезбеди место во групната фаза на Конференциската лига, иако ќе има и реванш на „Вила парк“, кој ќе биде само формалност.

За тимот од Бирмингам ова е најубедлива победа во европските купови во нивната историја. Шкотскиот тим беше тотално немоќен, англискиот премиерлигаш петтиот гол го даде во 73-тата минута, но не успеа да дојде до рекордна европска победа.

Спартак Трнава, за кого македонскиот напаѓач Милан Ристовски го играше само второто полувреме, одигра скромни 1-1 на свој терен со украинскиот Днипро-1. Днипро уште од петтата минута имаше играч помалку на теренот, а средбата ја завршија со деветмина на теренот, по црвениот картон и во финишот што го доби нивен играч.

- Оглас -

Најнови вести