Екипата на Струга Трим Лум на утрешниот дуел во Охрид против Брејдблик од баражот за влез во групите на Конференциската лига нема да смета на напаѓачот Марјан Радески, ниту на тренерот Шпетим Дуро.
Радески доби црвен картон на реваншот со Есперанж и неговото отсуство е очекувано, но мало изненадување е суспензијата на тренерот Дуро, кој денеска дознал дека нема да може утре да го води тимот.
„Сега дознав дека имам суспензија од еден натпревар од УЕФА, но тоа мора да се прифати и да се почитува, казната е целосно заслужена бидејќи по натпреварот излегов од контрола. Тоа не е во мојата природа, но големиот товар и провокациите на клупата во Луксембург ме натераа да реагирам несоодветно. Жал ми е што нема од клупата да ја водам екипата“, изјави Дуро.