Минатата сезона Ливерпул се мачеше со голманите, кои често знаеја да направат кикс. Тој проблем сега го нема, откако летово на „Енфилд роуд“ пристигна Алисон, кој донесе голема сигурност во дефанзивата. Сепак, бразилскиот чувар на мрежата вечерва ќе добие одмор и нема да брани на дербито од Лига купот против Челзи. Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, најави дека на гол-линијата ќе застане Симон Мињоле.
„Мињоле е еден од оние за кои можам со сигурност да кажам дека ќе биде на теренот во дуелот против Челзи. Кој друг и да биде во стартниот состав, тоа ќе биде добар меч за гледање“, рече Клоп, кој најверојатно ќе реши да поштеди поголем дел од првотимците и да им даде шанса на оние кои имаат помала минутажа во досегашниот дел од сезоната.
Дербито против Челзи се игра на „Енфилд роуд“,со почеток во 20.45 часот.