Продолжуваат скандалите во женската фудбалска репрезентација на Шпанија, која го освои Светското првенство во Австралија и Нов Зеланд. Најпрво скандал направи претседателот на Фудбалскиот сојуз на оваа земја, Хосе Рубијалес, кој ја бакна во уста фудбалерката Ермосо, а потоа во соблекувалната ѝ се обратил со зборовите: „Јас и ти одиме да се венчаме на Ибица“.
Сега во центарот на вниманието е селекторот на Шпанија, Хорхе Вилда, кој при прославата на голот против Англија во финалето на Светското првенство е забележан од камерите како ја фаќа за градите неговата асистентка.
https://twitter.com/davidmelero__/status/1694027063705972850?s=20