Миленковски: “Два месеци чекаме одговор од институциите“

На прес-конференцијата на ФК Вардар, како претставник на раководството на клубот, зборуваше Милорад Миленковски, кој ја запозна јавноста со моменталната состојба во која се наоѓа Вардар.

Тој соопшти дека навивачите го имаат комплетно во сопственост клубот и се бара инвеститор, но од друга страна со месеци се чека на одговор од државните и јавните институции на барањата кои се испраќаат од страна на нив.

– “Здружението ’35 години вардарци’ ја презеде 100 отсто сопственичката структура на Вардар и ние го исполнивме нашето, сега на ред е Градот и институциите да се вклучат и да помогнат на овој клуб на народот.“ – вели Милорад Миленковски, претставникот на НГ “Комити“ во раководството на Вардар.

Сепак, тој вели дека се уште и после два месеци чекаат одговор на поднесените барања до ПУИГ и УЈП.

– “На 28-ми јуни упативме уредни барања до ПУИГ, Јавно претпријатие за стопанисување со јавни објекти, и до УЈП, до директорите кои се таму и уште чекаме одговор, но нема ништо, иако тогаш добивавме уверување дека сите ќе се заложат да помогнат. Уште ништо не се случува. Треба сите да бидеме Вардар, Вардар е клуб на Градот Скопје и сите треба да помогнат за спас на Македонскиот бренд.“ – дополни Миленковски.

- Оглас -

Најнови вести