Словакот Доминик Черни, кој го освои 19-тото место на трката во брзо одење на 35 километри на Светското првенство во атлетика кое се одржува во Будимпешта, направи потег со кој го привлече вниманието на медиумите низ светот.
Во финишот на женската трка на 35 километри, во моментите кога Хана Бурзалова се доближуваше до целната линија за да го освои 28-мото место, Черни клекна на колена и со бурма во рака ја побара колешката за жена.
Хана ја совладаа емоциите, кажа „да“, а среќниот Черни победнички ја крена раката во воздух.
https://twitter.com/i/status/1694648837695320136