Ливерпул одговори на понудата на Саудијците за Салах

Саудиските екипи кои направија вистински бум на фудбалскиот трансфер-пазар работат на реализацијата на уште еден мегатрансфер, сакаат во саудиската Про лига да ја донесат ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах.

Управата на Ал-Итихад веќе доставила официјална понуда до Ливерпул за трансферот, а имала и неколку средби со агентот на Салах со надеж дека ќе успеат да го убедат да ја прифати понудата и да се пресели во Саудиска Арабија.

Но, новинарот на „Атлетик“, Дејвид Орнштајн, објави дека одговорот на Ливерпул на понудата на Ал-Итихад бил негативен и на челниците на саудискиот тим им порачале дека Салах не е за продажба.

https://twitter.com/David_Ornstein/status/1694742023692038465?s=20

 

- Оглас -

Најнови вести