Миовски брилира и во Европа, со гол и асистенција обезбеди реми за Абердин, дебакл на Партизан 

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски продолжува со одличните игри на стартот од новата сезона, и вечерва е најзаслужен што неговиот Абердин одигра 2:2 на гостувањето кај Хакен во првиот меч од плејофот за пласман во групната фаза во Лигата на Европа.

 

Хакен имаше водство од 2:0 до 75-тата минута, кога на сцена стапи Миовски. Македонскиот репрезентативец прво постигна гол за 2:1, а само четири минути подоцна му асистираше на Ники Девлин за 2:2. Во судиското продолжение, Абердин постигна уште еден гол, но беше поништен поради офсајд.

Славија Прага со 2:0 го совлада украинскиот тим Зорја.

Во квалификациите за пласман во групната фаза во Лигата на конференции, вистински дебакл доживеа Партизан на гостувањето кај Нордсјиланд губејќи со 5:0 и уште сега се прости од Европа.

Убедлив триумф оствари и Ференцварош од 4:0, и тоа на гости против Жалгирис, тимот кој ја елиминира Струга ТЛ во квалификациите за ЛШ.

Фенербахче со 5:1 го декласира Твенте, Макаби Тел Авив славеше со 4:1 над Целје, а предноста на домашен терен во првите мечеви ја искористија и Фарул против Хелсинки (2:1), Рапид Виена против Фиорентина (1:0), додека Бешикташ славеше на гости против Динамо Киев (3:2). Без победник завршија мечевите меѓу Сепси и Бодо/Глимт (2:2) и Левски – Ајнтрахт (1:1).

- Оглас -

Најнови вести