Ристовски и Динамо со едната нога се во групите во Лигата на Европа, Ајакс на прошетка во Разград

Сега веќе поранешниот капитен на македонската репрезентација, Стефан Ристовски, го одигра целиот натпревар за Динамо Загреб, кој на „Максимир“ со 3:1 ја совлада Спарта Прага во првиот натпревар од плејфот за пласман во групната фаза во Лигата на Европа.

Модрите до триумфот дојдоа со пресврт, откако првиот гол го постигна чешкиот тим преку Крејчи во 39-тата минута. Во последните моменти од првиот дел, Шпикиќ израмни на 1:1, а во второто полувреме, само за две минути, Динамо даде два гола преку Периќ и Иванушец за 3:1 и солидна предност пред реваншот во Прага.

Пласман во групите во Лигата на Европа веќе обезбеди Ајакс, кој во Разград со 4:1 го совлада Лудогорец, а предност од два гола има Караках против Олимпија по победата од 2:0 во Љубљана.

Во плејофот за групите во Лигата на конференции, Гент славеше со 2:0 против АПОЕЛ, Лил ја совлада Риека со 2:1, а идентична победа оствари и Генк против Аданаспор.
Најефикасниот меч го одиграа Митјиланд и Легија, кој заврши без победник 3:3.

- Оглас -

Најнови вести