И Клоп се огласи поради понудата на Салах

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, денеска изјави дека нема шанси летово да биде продаден Мохамед Салах.

Англиските медиуми изминатите денови постојано пишуваат за понудата на Ал-Итихад вредна 100 милиони за Салах, кој пак ако се согласи да се пресели во Саудиска Арабија, би заработил 240 милиони евра за три години.

Но, Клоп одлучи да стави крај на овие шпекулации.

„Во Ливерпул не пристигнала никаква понуда, Мохамед Салах е фудбалер на Ливерпул и наш клучен играч. Ако пристигне понуда за него, нашиот одговор ќе биде „не“. Салах 100 отсто е посветен на Ливерпул и за нас таа тема е затворена“, изјави Клоп за англиските медиуми и најави дека египетскиот репрезентативец ќе го предводи тимот во неделното дерби против Њукасл.

- Оглас -

Најнови вести