МЗТ Скопје ги започна подготовките за новата сезона, целта е двојната круна и враќање во АБА-лигата

Со синоќешниот тренинг беше означен официјалниот старт на подготовките на кошаркарскиот шампион МЗТ Скопје.

Тренерот Васко Атанасов и неговите помошници ги имаат сите кошаркари на коишто сметаат за претстојната сезона, во која целта е одбрана на двојната круна во макбаскетот и враќање во АБА-лигата.

Со тимот работат и неколкумина најталентирани кошаркари од младинската школа, за кои ова ќе биде огромна шанса за учење покрај играчи со голем квалитет и искуство.
Првиот дел од подготовките ќе биде одработен во Скопје, а првата контролна средба е закажана за петти септември на гости против грчкиот Арис. Потоа на домашен терен МЗТ Скопје ќе игра против Пеја (8 септември), Гостивар (14 септември) и Рилски спортист (18 и 19 септември). Првиот официјален натпревар МЗТ Скопје ќе го одигра на 23 септември, и тоа во македонскиот Суперкуп против Феникс.

- Оглас -

Најнови вести