Пелистер и Беса пред гостински предизвици, дерби во Струмица помеѓу Беласица и Тетекс

Најголемите фаворити за пласман во второлигашката конкуренција, екипите на Пелистер и Беса ќе имаат тешки предизвици во третото коло, со оглед на незгодните гостувања.

Битолски Пелистер ќе и гостува на Саса, екипа која немаше посакуван старт на сезоната и има само еден бод, оној на домашен терен против Скопје. Пелистер тргна очекувано и со две победи над Беласица на гости и Новаци на домашен терен е делба на лидерската позиција со идентичен ефект како и Беса, со по шест бодови и гол-разлика од шест дадени и нула примени.

Токму екипата на Беса ќе има тежок предизвик денес, бидејќи ќе гостува на стадинот “Петар Милошевски“ против вториот битолски состав, екипата на Новаци.

Дербито на колото се игра на стадионот “Благој Истатов“ во Струмица, а ќе се сретнат поранешните прволигаши, екипите на Беласица и Тетекс. Домашните имаа таа несреќа во првите две кола да играат против Пелистер и Беса и ги загубија двата натпревари со по идентични 2-0, додека Тетекс после оној шокантен пораз од 5-1 од прилепска Победа, се рехабилитира со домашната победа над Осогово.

Двојки – денес 16 часот:

Победа – Охрид
Осогово – Башкими
Беласица – Тетекс
Новаци – Беса
Саса – Пелистер
Детонит Плачковица – Арсими
Кожуф – Скопје
Караорман – Вардар Н.

- Оглас -

Најнови вести