Италијанецот Алесио Очипинти и Французинката Каролин Жуис се победници на 36-тото издание на Охридскиот пливачки маратон. Очипинти патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид ја исплива за рекордни 4:53:14 часа.
Второто место го освои го освои Матијас Дијас од Аргентина кој имаше време од 4:59.02 часа, додека третото место му припадна на Марко Инглима од Италија кој задоцни девет минути зад победникот Очинпити. Најдобриот македонски пливач Евгениј Поп Ацев, го освои четвртото место со време од 5:08.32 часа.
Кај дамите, Жуис победи со време од 5:05:59 часа, што е нов рекорд во женска конкуренција.
Турската пливачка Туна Ердоган заврши како втора со време од 5:15.24 часа, додека последното место на победничкиот подиум и припадна на Ерика Јенсен од Аргентина.