По речиси две години Црвена ѕвезда прв пат загуби во домашно првенство

Непобедливоста на Црвена ѕвезда во фудбалската Суперлига на Србија заврши. на гостувањето кај Вождовац, актуелниот српски првак загуби со 3:2. Ова беше прв пораз на Црвена ѕвезда во домашното првенство по пауза од 22 месеци.

Последен пат Црвено-белите си заминаа поразени од теренот во домашно првенство на 27 октомври 2021 година кога загуби во Сурдулица од Радник со 1:2. Вечерва, шампионот беше немоќен кај градскиот ривал Вождовац и загуби со 3:2.

Вождовац водеше со 2:0 на полувремето, а во 61 минута веќе беше 3:0 за домаќините. Црвена ѕвезда во последните 30 минути успеа да постигне два гола и намали на 2:3, но не успеа да се спаси од пораз.

 

 

- Оглас -

Најнови вести