Навивачите на ПСЖ ги “поздравија“ Нејмар и Меси: “Конечно се ослободивме од нив“ (Фото)

Екипата на ПСЖ конечно ја забележа првата победа оваа сезона, откако синоќа го совлада Ленс на домашен терен со 3-1. Навивачите на “светците“ може да бидат задоволни од прикажанато, но тие беа задоволни и од настаните кои се случуваа во клубот ова лето.

Со транспарент на трибините го “поздравија“ заминувањето на Нејмар во Ал-Хилал и напишаа: “Конечно се ослободивме од безобразниот“.

Ист ваков транспарент се појави и во Мајами и беше наменет за Лионел Меси, кој летово потпиша за екипата на Интер Мајами.

- Оглас -

Најнови вести