Вистински хаос се случи на меч од бразилската Серија Ц, откако гостински фудбалер со неспортски потег предизвика голем инцидент помеѓу фудбалерите. На дуелот помеѓу Ремо и Алтос, гостинскиот фудбалер Паулињо ги изгуби нервите после еден дуел со противнички фудбалер, па откако го фаулираше, замавна со нога во главата на Пирес, што предизвика тепачка помеѓу фудбалерите на двете екипи.
Дефинитивно потег поради кој го очекува долга пауза од фудбалските терени.