Фудбалерите на Атлетик Билбао го совладаа на свој терен со 4:2 во рамки на третото коло од Ла Лига.
Баскијците на своите навивачи на „Сан Мамеш“ им приредија вистински спектакл и режираа голем пресврт. Бетис одлично го започна мечот и поведе со 0:2 по само десет минути игра. Вилијан Хосе го отвори резултатот уште во втората минута, а Иско погоди за 0:2 во десеттата минута.
Иако воведните минути најавуваа триумф на Бетис, домашните фудбалери брзо се созедоа од шокот и до крајот на првиот дел успеаја да дојдат направат пресврт. Во 30-та минута браќата Вилијамс изнудија пенал кој го реализираше Весга, а Баскијците во последната минута од првиот дел изнудија уште еден пенал кој повторно го реализираше Весга.
Во седмата минута од продолжението, Ињаки Вилијамс погоди за 3:2. Конечниот резултат го постави Унаи Гомес во 84-та минута.
По триумфот, Атлетико има шест бода по три кола, додека Бетис остана на четири бода.