Започнува ЕП во одбојка, Македонија е фаворит за победа во првото коло!

Најдобрите одбојкарски репрезентации во Европа, од денеска па до 16 септември ќе бидат на мегдан на континенталниот собир. За прв пат, Европското првенство ќе се игра во четири држави, а една од нив е и Македонија. Останатите три земји кодомаќини се Италија, Бугарија и Израел.

Првиот меч на ЕП се игра вечерва од 21 часот, а Италија на свој терен е голем фаворит за победа против Белгија. Утре се играат два меча и тоа меѓу Грција – Израел и Шпанија – Бугарија.

Македонија својот прв меч ќе го игра на 30 август во салата „Борис Трајковски“ против Данска. Според квотите, Македонија со победа треба да го отвори овој турнир.

На ЕП учествуваат најдобрите 24 селекции кои се поделени во четири групи со по шест репрезентации. Освен со Данска, Македонија е во група и со Чешка, Црна Гора, Холандија и Полска.

- Оглас -

Најнови вести