Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, има големи главоболки поради повредите на главните ѕвезди и по Тибо Куртоа и Едер Милитао, сега остана без првиот напаѓач, Винисиус жуниор.
Бразилецот се повреди уште во 18-та минута на мечот од третото коло во Ла Лига против Селта кој Кралевите го добија со 3:0.
Иако првичните прогнози беа дека Винисиус жуниор ќе го пропушти само натпреварот против Хетафе, лекарските прегледи покажаа дека го чека пауза од најмалку еден месец.
Бразилецот сигурно ќе ги пропушти натпреварите против Хетафе, Атлетико Мадрид и Реал Сосиедад во Ла Лига, како и мечот од првото коло во Лигата на шампионите.