Новото чудо од дете на Барселона ја избра Шпанија

Новата тинејџерска сензација на Барселона, 16-годишниот Ламин Јамал, одлучи да ја одбие поканата од Фудбалската федерација на Мароко и да игра за Шпанија.

Шпанските медиуми пишуваат дека постои голема можност селекторот на Фуријата, Луис де ла Фунте, да го повика Јамал за претстојните натпревари во квалификациите за ЕП 2024, против Грузија (8 септември) и Кипар (12 септември).

Мајката на младиот фудбалер е од Екваторијална Гвинеја, таткото е Мароканец, а Јамал израсна во Шпанија и играше за младите репрезентации на Фуријата.

Јамал настапи на сите три натпревари на Барселона во Ла Лига, на последните два беше дел од првата постава и само против Хетафе мечот го започна од клупата за резервни играчи.

- Оглас -

Најнови вести