Баерн повторно сака да пазари во Тотенхем

Германскиот шампион Баерн Минхен го направи трансферот на летото во Европа, за 100 милиони евра го купи Хари Кејн од Тотенхем, но до крајот на летниот преоден рок сака да донесе уште еден играч од премиерлигашот.

Баерн е заинтересиран за англискиот репрезентативец Ерик Дајер, кој би требало да претстатвува замена за Бенжамен Павар, кој ќе се пресели во Интер.

Со доаѓањето на Анге Постекоглу за нов менаџер на Тотенхем, Дајер го загуби местото во првиот тим на Тотенхем и германскиот шампион сака да го искористи незадоволството кај фудбалерот и да го донесе во Минхен, каде што повторно би играл заедно со Хари Кејн.

Вредноста на Даер се проценува на 18 до 20 милиони евра, а моментно во Тотенхем заработува по 85.000 фунти неделно.

- Оглас -

Најнови вести