Ексфудбалер тврди дека Салах ќе си замине од Ливерпул до крајот на неделата

Поранешниот норвешки фудбалер Јан Аге Фјортофт смета дека Мохамед Салах е подготвен да си замине од Ливерпул.

Сериозен интерес за Салах пројавува саудискиот Ал-Итихад, кој му нуди тригодишен договор кој ќе му носи 200 милиони евра по сезона. Ал-Итихад подготви и 150 милиони евра отштета кои треба да ги добие Ливерпул за да го пушти Салах да си замине.

„Мислам дека е многу веројатно Салах да го напушти Ливерпул оваа недела. Парите кои им се понудени и на фудбалерот и на клубот едноставно се неверојатни“, објави Фјортофт.

- Оглас -

Најнови вести